(ФОТО) Првото бебе во Новата 2020 год во Битола е женско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_9627

Пет минути по полноќ, во Клиничата болница во Битола на гинеколошко-акушерското одделение  се роди првото бебе во новата 2020 година, девојче, кое на свет дојде по нормален пат. Името и  е Евгенија, прва радост на нејзините родители.

— реклама —

Првороденото бебе го посети градоначалничката  Наташа Петровска, која  на мајката и го честита донесувањето на свет  на малата Евгенија и и посака таа да израсне во човек кој  ќе остави свој впечаток во општеството.

— реклама —

„Нема поголема радост од радоста за нов живот, пет минути после полноќ го имаме  првото бебе во Битола, женско, Евгенија, која ни донесе радост на сите. Нека е здрава и жива, да и се радуват во семејството,  да има спокоен живот, да ни израсне во голем човек и со неа да се гордееме како битолчани. Честитки и до екипата која што се вложи да го имаме овој радосен момент и годинава нека ни биде бериќетна на сите“, рече Петровска.

— реклама —

Раководителот на одделението, прим. д-р Елизабета Чипуровска, од името на дежурната екипа им ја честиташе Новата година на сите жители на општината и порача младите да формираат среќни семејства во оваа година и да имаат принови, бидејќи иднината останува на младите.

„За време на новогодишната ноќ имавме доста работа, пред доаѓањето на новата година се породија две пациентки, треторотки, а во новата година, првото бебе породено по нормален пат  од мајка Анита дојде на свет  5 минути по 12 часот, со тежина од 3.530 грама. Се течеше во најдобар ред и мајката и бебето се во одлична состојба“, истакна Чипуровска.

Градоначалничката, покрај вниманието кон мајката со букет свежо цвеќе,  на првороденото бебе му подари ваучер во вредност од 20.000 денари.  Таа ги посети и останатите родилки и нивните деца, подарувајќи им букети .

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања