„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

ФОТО Ракун влегол во продавница за алкохол во САД, се опил и се онесвестил во тоалетот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library3aqoqdaee74iaVIGPdc

Еден необичен „провалник“ предизвикал вистински хаос во продавница за алкохолни пијалаци во Ешланд, Вирџинија. Во саботата рано наутро, откако паднал низ таванската плоча, скршил неколку шишиња виски и направил голем неред, а потоа бил пронајден онесвестен во тоалетот. Но не станувало збор за човек, туку за ракун кој, според сè, „претерaл“ со дегустацијата, пренесува Си-Ен-Ен.

Вработен во продавницата, кој во саботата наутро дошол на работа, затекнал сцена како од филм: скршени шишиња, разлеан алкохол и падната таванска плоча. Главниот „осомничен“ мирно спиел на подот во тоалетот. На местото била повикана локалната служба за контрола на животни, интервенирала службеничката Саманта Мартин.

— реклама —
media-libraryqcf94m27c2saddqWNQc

„Лично многу ги сакам ракуните“, изјави Мартин. „Тие се навистина забавни суштества. Паднал низ една од плочите на таванот и тргнал во свој ноќен провод, пиејќи што ќе стигнел.“

— реклама —

Таа призна дека ситуацијата добро ја насмеала додека го носела пијаниот ракун во прифатилиште за да се отрезни.

— реклама —

Службата за заштита на животни во округот Хановер подоцна потврди дека ракунот успешно се отрезнил и е подготвен да се врати во природата. „По неколку часа сон и без знаци на повреди (освен можеби мамурлак), безбедно беше пуштен назад во дивината — со надеж дека научил дека провалата и влегувањето не се решение,“ соопштија од службата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-42-4810PM

Пијан возач со мерцедес прегазил девојче во Македонска Каменица и избегал, приведен е по два часа потрага

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања