(ФОТО) Ристиќ: „Еве ја и онаа другата реалност со која се соочувавме у бекстејџот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
risric-1

Актерката Ирена Ристиќ преку социјалната мрежа фејсбук сподели искуство за кое пишува: „Еве ја и онаа другата реалност со која се соочувавме у бекстејџот, покрај тремата и адреналините... Та, нели, другари сме и све си делиме“, пишува Рисиќ, на својот фејсбук профил.

— реклама —

Во продолжение таа додава:

„Покрај гадостиве на сликиве кои ни беа секојдневие дури бевме на проби у театарот у Охрид, редно е да се каже и тоа дека од фестивалот Охридско лето никој не дојде да не удостои со едно здраво, како сте, дан требит нешто, од театарот дојде само еден дечко кој фактички и не е вработен таму, а не се најде ниту јунак да им каже на околнитекафанџии дека песните од типот "отвори ми бело Ленче" и "пајдушкото" кои трештеа на сет глас, не се соодветни за припрема и одржување на тензијата на сцена... не се појави ниту селекторот на фестивалот.

— реклама —

Заменикот министер за култура, кој се појави на нашата премиера (оној кој со службено ауто помина на две полни линии, ви текнува) допушената цигара ја фрли на земја и ја изгаси со нога.

Инаку, да, премиерата на #NSFW во изведба на екипата на Драмски, помина фантастично, пред преполна сала и со стоечки овации“, напиша Ристиќ на ФБ.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10157575915834726&set=pcb.10157575916649726&type=3&theater

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања