Градоначалникот на Скопје објави дека започна поставувањето на мостот на Момин Поток, дел од инфраструктурниот проект кој со години предизвикува сообраќаен метеж на овој потег.
Уште на почетокот на јануари, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информираше дека изградбата на мостот се одвива со забрзано темпо, со цел што побрзо да се надмине долгогодишниот проблем со застојот во сообраќајот.
На овој дел од градот со години се создаваат гужви и забавување на сообраќајот, поради што граѓаните во повеќе наврати апелираа градежните работи да се забрзаат.