(ФОТО) Се урива игротеката на на пица-барот „Дежаву“: Општина Аердром најави изградба на ново игралиште и зелени повтршини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-librarycaqmud47561318wlDOB
ФБ

Тревник и ново игралиште на местото на игротеката на пица-барот „Дежаву“ кај Капитол Мол. Општина Аеродром почна да го урива објект, за кој велат дека со години работи на диво.

— реклама —

Утринава започна отстранувањето на објектот кој со години беше поставен на тревникот покрај булеварот „Јане Сандански“. Овој објект функционираше врз основа на Решение за поставување урбана опрема, издадено пред десетина години од Град Скопје, но чија важност е истечена.

Бидејќи објектот нема важечко одобрение, тој ќе биде целосно демонтиран и просторот конечно ќе се ослободи за користење. По отстранувањето, Општината ќе пристапи кон уредување на локацијата со современа урбана опрема, зелени површини и ново, модерно детско катче.

— реклама —
— реклама —

Со овој чекор, тревникот повторно ќе стане пријатно, безбедно и заедничко место за рекреација, игра и дружење - токму онака како што заслужуваат жителите на Аеродром, објави на ФБ Општина Аеродром.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања