Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ФОТО) Шилегов, Царовска и Арслани ги посетија првородените бебиња во 2020

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Градоначалникот Петре Шилегов, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и заменик министерот за здравство, Арменд Арслани денеска во ЈЗУ „Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје“ ги посетија првите бебиња - близнаци кое се родија во Новата 2020 година.

— реклама —

Близначиња, женско и машко, се првите бебиња што се родија годинава во Скопје. Бебињата се родени на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Првото е женско, родено во 00:01 часот, тешко 2360 грама и долго 47 сантиметри, а второто е машко и е родено во 00:03 часот, тешко 1760 грама и долго 46 сантиметри. Мајката на близначињата е Снежана Рунтева, а братчето и сестричето ќе се викаат Габриел и Анастасија.

Градоначалникот Шилегов на мајката и семејството им честита за близначињата, посакувајќи им добро здравје и многу среќа. Тој на семејството во име на Град Скопје му додели паричен надоместок за близнаците и други пригодни подароци.

— реклама —

Шилегов ја искористи приликата да ја честита Новата 2020 година на граѓаните и им посака добро здравје, среќа и успеси.

фото: Град Скопје

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања