Центарот на Скопје светна во полн новогодишен сјај. Традиционално и оваа зима, иако во вонредни околности, на градскиот плоштад се постави новогодишното осветлување, заклучно со вклучувањето на големата новогодишна елка во самиот центар, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
Шилегов во објавата додава:
Оваа година, дури и повеќе од останатите е убаво да се потсетиме дека Новата Година симболизира испраќање на старата и дочекување на нови почетоци со нови позитивни желби. А оваа прекрасна празнична атмосфера која секоја година е извор на неизмерно уживање и радост за најмладите би требало да послужи да нѐ потсети токму на тоа.

