На социјалните мрежи вчера беа објавени фотографии од скопјанец, кој ги отвора шахтите.
Во објавата се вели дека неговото име е Зоки, а тој секогаш кога има поројни дождови ги отвора шахтите.
„Имам чест да го познавам. Се вика Зоки, и секогаш излегува да ги отвори шахтите при поројни дождови и ги затвора после повлекување на водата. Ниту еден друг негов сосед не мрда со прст“, стои во објавата.
https://twitter.com/yarrre/status/1564644824657104896?s=20&t=9HFFIj39mH-B9EWQvt3Mmg