Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

(Фото) Скопјани се гушат во отпад: расфрланото околу контејнерите стои и по 10 дена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје

„Комунална хигиена“ ги празни контејнерите во Скопје, но го остава отпадот оставен околу нив. Граѓаните во нивните поплаки се децидни дека се што е расфрлано околу контејнерите, не се собира од комуналците, а со денови се чека реакција од општините. Фотографиите од трговскиот центар „Скопјанка“, но од скопски Ѓорче Петров – ги потврдуваат реакциите на жителите.

— реклама —

— реклама —

„Ова е на улица Бојмија, во близина на ТЦ 'Скопјанка', веќе десет дена изгледа вака. Молам Општина Аеродром, Комунална хигиена или кој и да е надлежен да реагира, ова да се расчисти. Сторителите не се за коментирање, кога и нема кој да ги види“, пишува жителка на Аеродром.

— реклама —

Слична е сликата во Ѓорче Петров, каде што редовно, се одлага кабаст отпад околу контејнерите, а речиси и никој да не е казнет. Дополнително, се расфрла и оној кој е во контејнерите. Кога во нив се бара облека и храна, сите кеси се расфрлаат наоколу.

„Ова е нонстоп вака. Ни комуналците, ни општината не се толку криви, колку што проблемот е во нас. Нонстоп е вака“, коментираат жители на скопската населба „Даме Груев“.

„Скопје1“ испрати прашања „Комунална хигиена“ зошто отпадот околу контејнерите не се собра, но и зошто граѓаните треба да страдаат за сметка на недоразбирањето помеѓу јавното претпријатие и општините. Оттаму очекува одговор.

Во рамките на месецот октомври, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви вкупно 36 записници за лица и правни субјекти коишто се затекнати при непрописно одлагање кабаст отпад и градежен шут на булеварот Васил Чакаларов и улицата Руѓер Бошковиќ во општината Карпош, улицата Лазар Поп Трајков - во општината Гази Баба, како и на улиците Рајко Жинзифов и Борка Талевски - во скопската општина Центар. Во текот на месецов, на крстосницата на бул. Никола Карев, како и на улиците Славеј планина и Џон Кенеди, Еко-патролата вршеше превентивен надзор на локациите каде што континуирано неправилно се одлага отпад на јавни и на сообраќајни површини.

Воедно, екипите на Претпријатието неделава подигнаа и транспортираа вкупно 30 кубни метри од неколку диви депонии лоцирани на улиците Воин Драшковиќ во скопската општина Ѓорче Петров, Серава и Џон Кенеди во општината Чаир, како и во близина на Македонска куќа во општината Карпош. Во оваа скопска општина, во моментов се одвиваат активности за отстранување обемна дива депонија лоцирана во реонот на Момин поток.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања