Скопјанка на социјалните мрежи бара помош од граѓани кои знаат како се вади асфалт од шахти и решетки. Во својата објава таа вели дека улицата на која живее после подолг период решиле да ја асфалтираат, но работниците ги асфалтирале и шахтите на улицата.
„Дечки мала помош:
На улица Козара во Капиштец (која е мала, едносмерна улица) во моментов се градат десетина згради. Улицата беше раскопана со недели, и кога конечно решија да ја асфалтираат, ГИ АСФАЛТИРАА СИТЕ, буквално СИТЕ решетки и шахти за одвод и дождови. По реакција на комшиите, незадоволните асфалтирачи решија да ги откопаат шахтите и одводите, и сега ем имаме дупки, ем се уште се затнати и полни со асфалт, и на првиот дожд Козара ја чека истото што и остатокот од Скопје.
Затоа што нема фајде од пријавување, правда е мисловна именка во вукојебинава, а поимот ОДГОВОРНОСТ е предмет за дупешка, пардон мај Френч, ве молам доколку некој знае КАКО СЕ ВАДИ АСФАЛТ ОД ШАХТИ И РЕШЕТКИ ЗА ОДВОД, за да си ја спасиме сами улицата?
А доколку имам некој адвокат, новинар или било какво лице со нормални морални вредности во пријатели, што ќе може да ме упати каде да ги пријавам безочните морони што го направија ова, или да се напише статија за истово (пошо малце теми имаме...), е исто добредојден“, стои во објавата.
/screenshot-2022-09-06-191903" rel="attachment wp-att-197569">