Скопје синоќа најзагаден град во светот. Граѓаните дишат отров. Тие својот револт го изразуваат преку социјалните мрежи, објавувајќи и принтскринови од аплокации на кои пишива колкаво е нивото на загаденост. Неодамна ова тврдење на граѓаните се обиде да го побие заменик министерсот за животна средина Јани Макрадули, кој тврди и дека не се точни податоците од мерењата на воздухот, кои често пати се појавуваат на социјалните мрежи. Податоците од, како што вели Макрадули, „Али експрес“ сензорите, непотребно прават паника меѓу луѓето.