Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(ФОТО) Скопје веќе трет ден се гуши во смет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
gjubre-3

Контејнерите ширум Скопје преполни со смет, веќе со денови нема кој да ги испразни. Откако скопски комуналец соопшти дека нивните вработени немаат дозовли за излегување во полициски час, веќе трети ден, ѓубрето се трупа на сите страни, а се шири и одвратна миризба.

— реклама —

Фотографиите се од скопски Карпош, каде сметот е буквално насекаде, од тревникот, до патеката за велосипеди. Сметот не е собран ниту по куќите во населбите и непознато е кога ќе се собере. Скопјани реагираат, велат дека освен короната, ќе ги покоси и некоја зараза.

— реклама —

„Нека си најдат решение. Не е дозволиво волку смет да се трупа тука. Јас ѓубрето ќе си го вратам дома, бидејќи не сакам да бидам несовесен и да го оставам во тревникот. Препоплно е, гледате. Наместо од коронавирус, ќе се испозаразме од ѓубрево“, вели жител на Карпош кој го затекнавме близу отпадот.

— реклама —

Засега непонато е кога комуналното претпријатие ќе го собере отпадот. Претходно, отпадот во делот на Ѓорче Петров, Карпош и Центар се собираше доцна навечер.

— реклама —

фото: Скопје 1

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања