Вандалски чин во петокот се случил на гробиштата „Камник“ со кои стопанисува Акционерското друштво за погребни и придружни дејности „Бутел“. Непознати лица скршиле 62 надгробни спомен-плочи.

Како што информираат од АД „Бутел“, спомениците се комплетно скршени.

– Сторителите оделе од гроб на гроб и со тврд предмет, најверојатно со чекан, ги кршеле вертикалните спомен-плочи и при паѓањето на парчињата се оштетени и хоризонталните плочи долу. Дел од мермерните парчиња помалку оштетиле и други – објаснуваат за весникот ВЕЧЕР од АД „Бутел“.