(ФОТО) Со огномет, Дедо Мраз и музика, битолчани влегоа во Новата 202О година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_9360

На плоштадот„Магнолија“ во Битола, синоќа голем број битолчани ја дочекаа Новата 2020 година.  Со музичка програма, која започна во 21 часот, пред  битолската публика  синоќа настапија ДЈ Рикардо, КонТру ДЈ и Фанк‘ Д АпБенд, за крај, како кулминација на вечерта, настапи ЗаринаПрвасевда со својот бенд, изведувајќи македонски народни песни.

— реклама —

Неизбежниот Дедо Мраз им ја честита Новата година на битолчани, со желби за добро здраве, успех и просперитет на сите, а точно на полноќ градот беше осветлен од голем огномет.

— реклама —

Меѓу граѓаните, Новата година ја дочека и градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска заедно со сопругот и пријателите, заменик – министерката за образование Елизабета Наумовска, директорката на Здравствениот дом Весна Спиркоска и други личности од општественото и културното живеење.

— реклама —

По прославата, градоначалничката ја посети дежурната екипа на Итната медицинска помош во Здравствениот дом „д-р Хаим Абраванел“ во Битола.

фото: Општина Битола

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања