Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(ФОТО) Собраниската служба се вклучи во акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
SRM_9945

Вработените во Собранието на Република Северна Македонија денеска масовно се вклучија во акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“. Тие го чистеа просторот околу собраниската зграда, како и делот кај Домот на АРМ и улицата „Даме Груев“.

Отпадот што беше собран, вработените во Собранието на Република Северна Македонија го селектираа на пластичен и на друг отпад во посебни ќеси за смет. Во соработка со екипите од градските јавни претпријатија, како и соодветните стручни служби сметот што беше собран беше дистрибуиран на соодветни локации.

— реклама —

Акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ е организирана заедно со граѓанскотото здружение „Не биди ѓубре“, а е помогната и од канцеларијата на ЕУ во Скопје и амбасадорот Самуел Жбогар.

— реклама —

Нејзина основна цел, покрај тоа што ќе се исчистат определените локации, е пред се подигнувањето на свеста кај граѓаните.

фото: Собрание

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања