Утрово се случи сообраќајна несреќа во близина на Езерски лозја. Во неа учествуваат две моторни возила кои се судриле директно.
Инаку деновиве Охрид е преполн, а граѓаните се жалат дека во сообраќајот е тотален хаос. велат дека се вози многу брзо без да се почитуваат сообраќајните правила.
Д-р Љупка Николовска за Супер радио и OhridPress информира дека најголемиот дел од интервенциите изминативе денови биле на сообраќајни незгоди, тепачки, колапси, а интервенирале и кај лица во алкохолизирана состојба.
Бројни сообраќајки се регистрирани особено на патот Охрид-Кичево.