Сопругата на претседателот Стево Пендровски - Елизабета Ѓоргиевска помага во тешките моменти за граѓаните кои се справуваат со пандемијата од корона вирус. Одговара на телефонска линија за помош.
-Во овие тешки моменти важно е сите да помогнеме во рамки на своите можности и да си дадеме поддршка.
Црвениот крст на град Скопје преку своите волонтери помага на различни ранливи категории.
Заедно со Ивона одговаравме на телефонската линија за помош.
Старите и изнемоштените лица на кои им е потребна психо-социјална поддршка можат да се јават на телефонскиот број: 075/352-246, а сите останати на 071/379-119, напиша Ѓоргиевска на својот ФБ профил.
https://www.facebook.com/elizabeta.gjorgievska/posts/10219863051920743