Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

(ФОТО) Спасовски ги посети повредените полицајци: Нема место и нема оправдување за насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
292439951_585027422994201_7886601050941372233_n

Утрово ги посетив храбрите припадници на македонската полиција коишто беа повредени при извршување на службени дејствија на вчерашниот јавен собир пред Владата, МНР и пред Собранието.

— реклама —

Најостро го осудувам насилството врз полициските службеници чија должност е да ја одржуваат безбедноста. Притоа, во свое име и во име на раководството на МВР изразувам длабока почит за храброста и херојството во одбрана на државните институции и од срце им посакувам брзо закрепнување, вели министерот на внатрешни работи Оливер Спасовски.

— реклама —

„Во оваа прилика би сакал да ја информирам јавноста дека повредени се 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди. На сите повредени полициски службеници им е укажана лекарска помош, а потешко повредените се пренесени во медицинските установи за санирање на повредите и медицинска нега.

— реклама —

Во врска со немирите кои ескалираа пред објектот на Собранието на Република Северна Македонија, нема ниту еден повреден граѓанин, од страна на полициските службеници приведени се 11 лица, а за време на протестите од страна на полицијата не беа употребени ни пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата.

— реклама —

Уште еднаш сакам да упатам апел до граѓаните да не потпаѓаат под никакви провокации, чија намена очигледно е нечесна и исклучиво водена од мотивите за остварување на политичка агенда, а организаторите на протестите и граѓаните ги повикувам да покажат демократски капацитет, да победи здравиот разум, и да не се повтори никогаш веќе 27 април!

Во Република Северна Македонија нема место и нема оправдување за насилство! Дијалогот треба да се води во институциите на системот, а македонската полиција е токму гарантот за безбедноста на државата и нејзините граѓани.

Благодарност до граѓаните кои дадоа поддршка за МВР и полициските службеници кои стоеја во одбраната на безбедноста, како и до медиумите за објективното информирање“, вели Спасовски.

/292508847_585027449660865_4164734713913018561_n" rel="attachment wp-att-190797">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања