Промени тема
Контакт

(Фото) Спречен обид за цртање графити на железничкиот имот, најавено засилено обезбедување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryvne69ijois3u9Lb0AHv

Навремена реакција на Службата за безбедност на ЖРСМ Транспорт спречила обид за нанесување графити и оштетување на железничкиот имот, информира генералниот директор на претпријатието, Дејан Кошутиќ.

Кошутиќ преку објава на „Фејсбук“ соопшти дека при интервенцијата биле пронајдени материјали наменети за цртање графити, како и храна за кучиња.

„Спречен е обид за нанесување графити и оштетување на железничкиот имот“, наведе Кошутиќ, додавајќи дека случајот е предаден на надлежните органи.

Од ЖРСМ Транспорт најавуваат дека во наредниот период ќе биде засилено обезбедувањето и надзорот над возниот парк и објектите на претпријатието.

— реклама —

„Секој обид за оштетување на државниот имот ќе биде соодветно пријавен и процесуиран“, порача Кошутиќ.

— реклама —

Тој упати и апел за одговорно однесување кон јавниот имот, нагласувајќи дека железничката инфраструктура е имот на сите граѓани.

„Јавниот имот е имот на сите нас“, порача генералниот директор на ЖРСМ Транспорт.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryecus2s4j4f3s9zey51w

Македонија и Турција ја зајакнуваат железничката соработка

Македонија | пред 6 месеци

IMG_4967

Синиша Ивановски е новиот директор на железници инфраструктура

Македонија | пред 2 години

6026-pristigna-noviot-voz-vo-prilep-960x600-12

Од 26 јуни до 10 јули нема да сообраќаат возовите на релација Скопје – Велес

Македонија | пред 3 години

107508601-105676

Железниците пропаѓаат, менаџерскиот тим со плати кои ја чинат Македонија над 650 илјади евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања