Првото новогодишно утро скопјани го дочекаа во магла и екстремно загаден воздух.
Скопје утрово се наоѓа на 24 место на листата најзагадени градови во светот.
Најголема загаденост покажува мерната станица во Маџир Маало во Центар - 305 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, како и мерната станица во населбата 11 Октомври 279 микрограми на метар кубен.
/screenshot-2023-01-01-131942" rel="attachment wp-att-208371">
И додека Скопје се гуши во магла, на Водно грее сонце.
Граѓаните на социјалните мрежи објавија фотографии од врвот на Водно од каде градот воопшто не се гледа.
https://twitter.com/i_najubaviot_/status/1609471262262460419?s=20&t=gFN5R5RPL4yuTzVPZLcIhg