Ангела М. (19), нејзиното момче и вујко загинаа во сообраќајна несреќа која се случи во неделата на автопат во Германија, а лекарите се борат за животот на нејзиниот роден брат (14), додека повредениот татко на Ангела, Миле (46) е во стабилна состојба.
Семејството кое доживеа страшна трагедија, живееше во Брза, село во близина на Лесковац. Ангела во јули по завршувањето на средно училиште во Белград, заминала во Германија каде што живееле нејзините родители, како и помладиот брат.

Во Белград Ангела живеела кај бабата, а завршила мултимедијална насока во едно училиште. Ова лето заминала кај родителите и требало да ги среди документите како и тоа да најде работа.
Како што пренесоа германските медуми, трагедијата се случила кога возачот на „форд“, во кој се наоѓале загинатите Срби, удрил во знак Стоп, а потоа се одбил и удрил во автомобил „голф“ и го отфрлил кон „пежо“. Зад воланот на фордот бил Миле, таткото на Ангела.