Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(ФОТО) Станицата за технички преглед на газда Дурмиш „трн в око“ на социјалните мрежи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
durmo-1

Станицата за технички преглед на газда Дурмиш, се отворила на 03.11.2016 год. на социјалните мрежи се споделува фотографија од чинот на отворањет, на која меѓу другото пишува „Оставка Оли“, се однесува на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Инаку Станицата за технички преглед, и превозникот Дурмо турс имаат исти сопственик. Опозициската ВМРО ДПМНЕ, веднаш по несреќата во која загинаа 15 лица, а над 30 се повредени побараа информации од МВР зошто станицата за технички преглед „Авто мото здружение Гостивар , која ги сервисирала автобусите на Дурмо турс, добила забрана за работа, но потоа забраната била поништена.

— реклама —

— реклама —

Од МВР се правдаа дека ВМРО-ДПМНЕ изнела дезинформации. Од Министерството образложија дека во април минатата година била извршена редовна контрола над „Авто мото здружение Гостивар“ и биле утврдени недостатоци и пропусти во работењето, меѓутоа подоцна недостатокот бил отстранет.

„Утврдено било дека не се обезбедува видео запис од возила кои извршиле технички преглед, па поради тоа од страна на МВР е донесено Решение за изречена мерка- Забрана да врши технички преглед на возила и неправилноста да ја отстрани во рок од 30 дена“, велат од МВР.

— реклама —

Станицата за технички преглед го отстранила недостатокот и писмено го известило МВР дека тоа е направено, по што стручни лица од МВР извршиле повторен надзор и констатирале дека недостатокот е отстранет, за што се изготвени записник и службена белешка.

„Откако е констатирано дека недостатокот е отстранет, на 15 август е донесено решение дека правното лице може да продолжи со работа, бидејќи ги исполнува законските услови.

Апелираме до политичките партии да не шират дезинформации и шпекулации и да не се обидуваат да ја злоупотребат оваа трагедија и да остават институциите да ги утврдат причините за овој трагичен настан“, вели МВР во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања