Во дворот на Општина Гази Баба денеска беа промовирани новите регистарски таблици во боја за службените возила. Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со директорот на СОЗР, Ивица Томовски, најавија дека мерката е дел од владин проект за јасна идентификација и спречување на злоупотреби. Ова е втор чекор по воведувањето на 24-часовен систем за следење на општинските возила, кој функционира од почетокот на мандатот.
Транспарентност и одговорност на дело – за доверба која се гради со работа, а не со зборови.
Денес, во дворот на Општина Гази Баба, заедно со директорот на СОЗР, Ивица Томовски, ги промовиравме новите регистарски таблици во боја на општинските службени возила.
Ова е дел од владиниот проект за јасна идентификација на службените возила, а Гази Баба е една од првите општини во Македонија што ја имплементира оваа препорака.
Ова е втор чекор што го преземаме во борбата против можни злоупотреби. Првиот чекор:
24-часовен систем за следење на движењето на сите општински возила – воведен уште на почетокот од мандатот.
Заврши времето кога службените возила се користеа како лична сопственост.
Нема веќе носење на возилата дома.
Нема повеќе возење без оправдана потреба.
А јас – како градоначалник – четири години мандат и ниту еден ден немам користено службено возило. Тоа е личниот пример што го давам.
Ние не сме тука за да ги користиме привилегиите на функцијата. Ние сме тука да му служиме на народот.
И така ќе биде – сè додека ја имам довербата да бидам на оваа позиција.