Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

(Фото) Штикли добија основци како донација од Агенцијата за одземен имот, директорот Небиу се фали дека ги израдувал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Запленетата облека и обувки од цариниците и полицијата, директорот на Ангецијата за одземен имот, Дритон Небиу, наместо на продажба, ја носи по училишта. Спакувана во црни кеси, таа се донира на ученици. Од ова, Небиу си прави маркетинг. Се снима, дава изјави, си прави спотови. Според објавите досега бил во Брест, Могила, Костурино, Куклиш, Чаир, Куманово. А во донациите - и работи несоодветни за деца.

Па така, основци добиваат и штикли, како и кондури за возрасни.

— реклама —

„Основците многу се смеат со овие чевли. И јас се насмеав...“, стои во коментар на родител чие дете добило обувки од донациите на Агенцијата за одземен имот.

— реклама —

— реклама —

Небиу го снимал и пакувањето на донациите. Дека се пакувале обувки со штикли, се гледа и од нив.

На видеото кое треба да ја испрати пораката „Во услуга на граѓаните“, се гледа и директорот, како пакува, седнат на земја. И токму тој, во црните кеси пакува високи потпетици.

Високите потпетици и алиштата од Агенцијата, завршија кај основците од неколку училишта, за кои, Небиу во повеќе објави посочува дека ги израдувал со донациите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања