„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) Стилот на Еди Рама - и во Охрид со патики „Адидас“ и костум со вратоврска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
9112019_PVRSM_Zaev_trilateralna-sredba_Rama_Vucic-4

Албанскиот премиер Еди Рама во последно време има проблем со изборот на гардеробата на официјалните средби. На трилатерална средба во Охрид, Рама се појави во црн костум, црвена вратоврска и патики „Адидас“.

— реклама —

За прв пат комбиниран стил на патики и костум презентираше во Брисел во мај годинава и од тогаш некако се навикнуваме на официјалните средби да се појавува во патики и тренерки и сако. На самитот во Трст албанскиот премиер дојде во костум со бели патики. Со тој „аутфит“ Рама се појави на средбите и со францискиот претседател Емануел Макрон и со македонскиот премиер Зоран Заев.

На средбата на В4 (Полска, Унгарија, Чешка, Словачка), во Прага, Рама одлучи повторно оделото да го комбинира со бели патики.

— реклама —

Албанскиот премиер и кога беше домаќин на неформалниот останок на премиерите од земјите на Западен Балкан високите гости ги дочека во спортски стил и патики.

Рама беше критикуван заради стилот на облекување, а на еден од овие настани не му беше дозволено да се фотографира на групната фотографија со другите лидери.

При посетата на Белград Рама, слета во веќе препознатлива црно-бела модна комбинација, која ја носел и претходно, бела кошула со црно сако, црни чакшири, црна вратоврска и црни патики со бела гума.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања