Промени тема
Контакт

(ФОТО) Стојкоски со брза реакција за Бранко и син му: Ќе му се помогне финансиски, бараме и привремено сместување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
IMG_8129.00_15_32_01.Still001

Бранко и неговиот син, жители на Ѓорче Петров, ќе добијат финансиска поддршка и помош за привремено сместување од општината. Нивната куќа изгорела во страшен пожар пред два месеци. Градоначалникот Александар Стојкоски, ги посети и разговараше со таткото кој објасни дека му објасни дека им треба место за да ја поминат зимата. Стојкоски беше дециден дека ќе направи сѐ за итно да се најде привремено сместување со хумани услови за живот, додека да се изнајде трајно решение за пеплосаниот дом.

„Потресна е животната сторија за чичко Бранко и неговиот син, лице со попреченост во развојот. Куќата во која живееле е уништена до темел во септември. Таа би била функционална само ако се изгради одново. За жал, тој изгубил сѐ што имал. До сега, летото го поминувале во подрумските простории, а извесен период живеат кај роднини. Се заложивме да направиме сѐ што можеме за да најдеме привремено сместување и достојни услови за живот, додека трајно не се реши проблемот. Општината ќе помогне и финансиски во рамки на програмата за помош на лица со социјален ризик“, посочи Стојкоски.

Уште во текот на викендот, градоначалникот стапи во контакт со службите во општината, а потоа и со Центарот за социјални работи. И од нив е побарано да се ангажираат за синот на Бранко да биде сместен во интернат.

„Делуваме и институционално и веднаш испративме и допис до Центарот за социјални работи, преку кој посочивме дека има согласност од таткото за синот да биде сместен во интернатот на средното училиште каде што учи, со цел да добие значително подобра грижа и нега“, додаде Стојкоски.

— реклама —

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања