(ФОТО) Стружани „се удавија“ во нечистотија, ѓубре на секој агол, смрдеа и трулеж

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
67621079_1489616824509586_2242881146591379456_n

За жал, голготата на стружани се уште продолжува! Струга и понатаму е удавена во нечистотија, ѓубре на секој агол, смрдеа и трулеж.

— реклама —

Ова ли е нашата поетска Струга, ова ли е синоним за неа? Градот е претворен во депонија, од секој струшки сокак се шири смрдеа од гнилеж и ѓубре во изобилство, а уште пострашно е тоа што, во текот на ноќните часови, истото, некои од граѓаните го палат, за да се ослободат од него. Така ли треба да изгледа еден туристички центар во екот на летната сезона? Тоа ли го заслужува овој наш, прекрасен град, се вели во соопштението од ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга.

— реклама —

Жална е денешната слика на Струга! Истата е навистина загрижувачка, состојбата со (не)хигиената е видно влошена и негативно се одразува врз здравјето на граѓаните.

— реклама —

И покрај претходната наша реакција, а секако, по барање и жалби на граѓаните, за подобрување на хигиената во градот, за жал, состојбата стана уште полоша, па дури и алармантна.

Иако ЈП ,,Комунално", управувано од господинот Иван Клечкароски, кадар на СДСМ, демантираше дека Струга не е претворена во депонија и хигиената е на завидно ниво, сепак, сликата на терен не го покажува тоа.

За наша несреќа, вистинската слика за Струга ја прикажуваат следните фотографии кои што се фотографирани од нашите загрижени сограѓани.

Почитуван градоначаналнику, Вие и Вашите коалициони партнери од СДСМ, вака ли се грижите за Вашиот и Наш роден град, Струга?

Потрудете се малку повеќе, нели стружани го заслужуваат тоа, се вели во соопштението од ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања