(ФОТО) Судбата на Менда има среќен епилог, кучето кое беше затруено на плоштадот во Охрид вдомено во Холандија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
menda

ФБ статус на aктивистот на здружението за заштита на животните Климент Арнаудов:

— реклама —

Судбата на Менда имаше среќен епилог. За жал таа судба нејзина многу малку кутраци ја делат. А не треба многу за да имаат убава судба - доволна е само примената на законите и институционалното незатајување и ќе нема кутраче кое трагична судба ќе има. А да, треба и асолни луѓе во институции кои нема да пафтаат со партиска книшка, но со својата совест, морал и професионалност.

— реклама —

Накратко - Менда беше бездомно кутре, сакано и галено од дел од охриѓаните но и од туристите, која пред нецела година ја стерилизиравме и на смени недела дена дежуравме во импровизирана просторија каде затоплувавме, па потоа ја вративме на улица и пак си ја галкавме и храневме за да пред месец дена ја затрујат (види видео) и едвај успеавме да ја спасиме (само секунда да задоцневме Менда ќе беше мртва) за на крај несебичната пожртвуваност на моите пријатели А. и В. да вроди со овој вдомеж во Холандија.

— реклама —

Воедно, сакам да напоменам дека и натаму нема ни трага ни глас од исходот на истрагата (ако воопшто и ја има) иако труежите се случија во центарот на градот каде речиси на секој трет објект има камера. Да се сакаше за недела дена ќе се најдеше сторителот, но очигледно не се сака оти фаќањето на сторителот може да нѐ однесе и до лица во фотелјичка закотвени, а тие лица врски да имаат со други повисоки лица та и со лица кои по дифолт требаше да бидат олицетворение на почитување и примена на законите итн.

Менде, среќно ти домче! А вам луѓе ви порачувам да си вдомите бездомно душенце, да го спасите од суровоста на улицата и довечно да си го чувате (грев огромен е напуштањето миленик), а ако не можете да вдомите оти не сакате (не од што немате услови) тогаш барем не ги повредувајте на улица и подавајте им храничка. Оти и односот кон животинките го поплочува нашиот пат кон рајот или кон пеколот.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10214995321386643&set=pcb.10214995364267715&type=3&theater

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања