Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

(ФОТО) Сугаревски во Охрид, лично да ги види инфраструктурните проекти кои општината ги реализира со поддршка на Министерството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
kosta-1

Градоначалникот Константин Георгиески денеска оствари средба со Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој беше во работна посета на Општина Охрид. На средбата беше разговарано за  инфраструктурните проекти кои општината ги реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски, како и за идните планови за заедничка соработка.

— реклама —

Исто така, на средбата беше разговарано и за посветеноста на локалната и централната власт во насока на уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро во согласност со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и неселективното применување на законските прописи, во делот на исполнување на препораките на УНЕСКО.

— реклама —

Министерот и градоначалникот извршија увид на градежните работи  за реконструкција на улицата „Абас Емин“ каде што во моментов се изведуваат работни активности во рамки на првата фаза од проектот, на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улицата „Македонски Просветители“.

Проектот за реконструкција на оваа улица е поделен на два дела, првиот дел, за изведба и реконструкција на фекалната, атмосферската и водоводната мрежа на оваа улицата се реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски и со средства од Европската банка за обнова и развој. Вториот дел од инвестицијата кој ќе опфати комплетна реконструкција на коловозната лента и тротоарите во должина од 1100 метри, од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улицата „Железничка“ ќе се реализира со средства од Буџетот на Општина Охрид. Вредноста на вкупната инвестиција е околу 40 милиони денари.

за транспорт и врски, како и за идните планови за заедничка соработка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 11 месец

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања