Светот на Драгутин Пешиќ се сруши во еден момент. Во сообраќајната несреќа кај клучката за Пожаревац, на автопатот Ниш-Белград загинаа неговиот син Александар Пешиќ (42), сопругата Станица (75) и осумгодишните близнаци Вук и Наум. Тие пред два дена со својот „цитроен“ тргнале на одмор, кога на нив налетал автомобил „фолксваген шаран“, зад чиј волан бил финскиот државјанин Адем Смаил (49), наводно Албанец од Косово.
Она што ја прави оваа трагедија уште поголема е тоа што несреќата првично ја преживеало едно од момчињата, но за жал починало во болница.

Нивните родители грчевито се бореле повеќегодини за да ги добијат, а сега се случи оваа трагедија.
Ужаснат од овој немил настан и погоден е дедото Милутин кој останал без сопругата, синот и двајцата внуци.
Новинарите на српски „Курир“ го посетиле домот на Драгутин во Крагуевац, каде едвај стоел на нозе.
Ги испратив на пат. Колку беа весели, децата скокаа, се радуваа…Каква е оваа трагедија, што е ова? Сè e завршено. Што ќе правам, како?, вели дедото.
Веста за сообраќајката ја видел на телевизија.
Видов црвен автомобил, исечен на парчиња. Ми се виде познат. Викнав полиција, ми кажаа дека тројцата загинале на лице место, а едното дете е префрлено во Белград, раскажал Драган.