Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Тешко повреден млад елен пронајден во скопско село, спасувачите се борат за неговиот живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 16 минути -

Македонија
media-libraryc1a1t9hgbnv4drth9Ug

Млад елен со тешка повреда на предната нога бил пронајден во дворот на семејство во скопско село, по што екипа на Animal Rescue Project веднаш се упатила да му помогне.

— реклама —

Од организацијата информираат дека повикот го добиле денеска, а благодарение на брзата реакција на семејството, кое веднаш побарало помош, животното било пронајдено навреме. Во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, тимот се организирал и тргнал кон местото.

— реклама —

При пристигнувањето затекнале тешка глетка – предната нога на еленот била речиси целосно пресечена. Од организацијата се сомневаат дека повредата можеби е предизвикана од стапица, но точната причина допрва треба да се утврди.

За случајот е известено и Министерството за животна средина и просторно планирање, а животното веднаш било упатено на ветеринар за итна помош. Засега не е познато дали ногата ќе може да биде спасена ниту какви се прогнозите за неговото закрепнување.

— реклама —

По повод празникот Свети Козма, од организацијата одлучиле на младиот елен да му го дадат името Козма, со надеж дека ќе има сила да ја издржи борбата што му претстои.

— реклама —

Од Animal Rescue Project им се заблагодарија на семејството што го примило животното во својот двор и веднаш побарало помош, како и на сите што учествувале во интервенцијата, повикувајќи ги граѓаните да стискаат палци за Козма.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања