(ФОТО) Тешка сообраќајка на патот Охрид – Свети Наум, загина млад битолчанец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
soobra-2

Синоќа околу 01.40 часот по полноќ се случила  тешка сообраќајна незгода во која едно лице починало, а неколкумина се тешко повредени. Несреќата се случила на на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, на крстосницата за комплексот „Инекс“.

— реклама —

Како што информираат од МВР, во сообраќајката учествувале автомобил „цитроен Ц3“, со битолска регистрација, управуван од 27-годишен битолчанец, „голф“ со охридска регистрација, управуван од 23-годишник, од охридското село Лескоец и „фолксваген пасат“, со прилепска регистрација, управуван од 26-годишен возач од прилепското село Мало Коњаре.

Со тешки повреди се здобиле и сопатници во неговото возило: лица на возраст од 27 и 23 години од Битола и Струга. Тие биле примени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

— реклама —

Тешко повредено е уште едно лице од Битола, но тоа е задржано во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Таму била згрижена и сопатничка од истото возило, 25-годишна скопјанка, која се здобила со телесни повреди.

https://www.facebook.com/pozarnaohrid/photos/pcb.2759775880788802/2759775680788822/?type=3&theater

Во истата болница за укажување на лекарска помош е пренесена и 23-годишна охриѓанка, сопатник во возилото „голф“, додека по укажана лекарска помош, на домашно лекување се пуштени возачот на „голфот“ и сопатник од Охрид.

На местото на незгодата увид извршиле Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања