Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ФОТО) Топал го продава имотот, но само на албанец и вели до кога ние македонците ќе се иселуваме, а албанците ќе градат од Скопје до Прилеп -

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
plac

Охриѓанецот Спирко Топал подолго време мака мачи да добие пат до местото каде што како што вели „Градам А4 објект за домување во населбата Рача, а не хотел, не викендичка“.Тој неодамна објави дека крева раце од се и дека  изгубил верба во правна држава.Одкако како што вели изгубил  надеж и се разочарал од правната држава, се одлучил на најтешкиот чекор, го продава својот имот но, како што вели и како што објави на табла пред објектот „Плацот се продава, само на Албанец“.

— реклама —

„До кога ние македонците ќе се иселуваме, а албанците ќе градат од Скопје до Прилеп. Ни СДСМ ни ВМРО ДПМНЕ повеќе не се грижат за народот и нивните маки“, вели Топал. Тој додава дека душа го боли за Македонија, дека беше дел од  Единицата за брза интервенција „Лавови“ , поранешната полициска единица во составот на Министерството за внатрешни работи.  Додава живот давав за Македонија, а сега дојде време ние да се иселуваме од сопсвениот град и држава. Нема повеќе живот овде.  Како да живеам во 35 квадрати, со сопругата и четири деца. Сакам да створам во мојот град, во Македонија, но, очигледно некој сака да не натера да се иселиме. Се е лага во оваа држава. Се додека има селективна правда овде нема живот. Велам селективна, затоа што до мене на истото место има видни личности кои имаат имот, но за нив не важат правилата кои важат за мене. До кога“, вели низ солзи во очите Топал.

— реклама —

Но, тој е категоричен дека на децата мора да им обезбеди дом. „Затоа ќе го продадам плацот кој ми значи премногу, но морам да му обезбедам живеалиште за семејството“, вели Топал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања