Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ФОТО: Трајно избришани неколку компјутери во СЈО, другите се спасени барем засега!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Специјалното јавно обвинителство призна дека веќе се избришани неколку компјутери во оваа институција и дека процесот е запрен „за да се оттргнат сомнежите за какви било други мотиви“. Ова е содржано во писмениот одговор што „360 Степени“ го доби денеска откако по претходно добиени дополнителни сознанија за тоа што се случувало во СЈО во изминатите денови и недели, претпладнето испративме неколку прашања до ова обвинителство.

— реклама —

Оваа порака е пратена една недела пред ОЈО за гонење организиран криминал и корупција да отвори истрага за случајот „Рекет“, во кој е имплицирана и шефицата на СЈО, Катица Јанева. Сепак, иако формално нема истрага, тоа е период во кој за случајот на големо се пишува во медиумите, а Јанева најверојатно знае и дека Вилма Русковска води предистрага. Според изворите на „360 Степени“, речиси ништо не се случува на овој план додека Јанева е отсутна поради боледување, а работите повторно се раздвижуваат по нејзиното враќање во СЈО минатиот вторник (23 јули).

— реклама —

СЈО во саботата демантираше дека е издадена наредба за бришење компјутери што беше реакција на текстот на „360 Степени“ под наслов „Катица Јанева наредила ‚форензичко бришење’ на компјутерите во СЈО“.

— реклама —

Повеќе на 360 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања