На патот Велес –Штип во близина на местото наречено Три чешми синоќа се случи сообраќана незгода. Во незгодата со полесни телесни повреди се здобија три лица.
Според информациите несреќата се случила кога едно од возилата поради лизгавиот пат удрло во столпчиња на патот, а потоа уште неколку возила удриле едно по друго бидејќи не можеле да ги контролираат возилата. Во сообраќајната незгода учествувале 6 до 7 возила.
