Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Фото) Туристи во костими за капење се качувале по црквата „Св. Никола“ во Маврово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-librarymd9e7h3v8j0o3CgepR3
facebook/Toni Calovski

На социјалните мрежи се појавија фотографии од лица во костими за капење како се качуваат по надворешниот ѕид на кулата на црквата „Св. Никола“ во Маврово, што предизвика реакции во јавноста.

Во објавата се наведува дека посетителите пристигнале со комбиња и се качувале по објектот на храмот, при што авторот оценува дека нивното однесување и облекување не соодветствуваат со карактерот на црковниот простор.

— реклама —
— реклама —

Авторот истовремено апелира до надлежните институции да извршат увид и да проверат дали при ваквото однесување е направена материјална штета или се прекршени правила за заштита и користење на објектот.

Во објавата се посочува дека не станува збор за проблем со туристите, туку со начинот на кој дел од посетителите се однесуваат кон местото, кое има верско, културно и туристичко значење.

— реклама —

Од Општина Маврово и Ростуше, полицијата и останатите надлежни институции засега нема официјална реакција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања