Промени тема
Контакт

(ФОТО) Туристите оставаат хаос во Охрид: флаши од алкохол, пластики, хартии ширум кејот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
365045525_749429320318227_4629446176347261549_n

Традиционално, Охрид го достигнува шпицот на туристичката сезона токму за празникот „Илинден“. Плажите на езерото се полни со туристи, чаршијата во градот е тесна да ги прими сите посетители.

Она што е карактеристично речиси за секоја летна туристичка сезона е некоректниот однос на дел од гостите како неводењето сметка за хигиената и фрлање отпадоци насекаде, по улиците, парковите, па и во езерото.

— реклама —

Екипи на градските комунални претпријатија секојдневно уште од зори се на терен и го собираат ѓубрето, но сепак останува впечаток дека генерално свеста за потребата од грижа за околината е на незадоволително ниво.

— реклама —

„Активности на оперативните служби пред и по Илинден

Продолжуваме со максималниот ангажман за чистење на јавните површини-кејот, градското пристаниште, малото пристаниште кај Палас, во близина на амамот, градскиот парк и други локации, од расфрлани лименки, пластични шишиња и остатоци од храна, кои за жал се реална слика во доцните вечерни часови и наутро

— реклама —

Во вечерните часови се спроведува машинско миење на коловози, пешачки патеки и други јавни површини, кое на одредени места е надополнето со рачно миење

— реклама —

Се одржува хигиената во и околу локациите каде се одржуваат концерти“, стои во објавата на ЈП Охридски комуналец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања