Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ФОТО) Успешно отстранети опасните хемикалии од кругот на ОХИС

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
hemikalii-4

На 19-ти февруари, во кругот на ОХИС, се изврши утовар на опасен хемиски отпад, односно, 4,6 тони иницијатори, хемикалии со познат состав, и 5,2 тони хемикалии со непознат состав во камиони што ги исполнуваат соодветните услови за транспорт на опасен отпад, со што продолжи чистењето на една од жешките еколошки точки во државата.

— реклама —

За оваа активност беа известени сите компании што вршат дејност, така што, во текот на утоварот беше воспоставен посебен режим и забрани за движење на лица и возила во кругот на ОХИС.

— реклама —

По утоварот се изврши царинската постапка за извоз и отпадот се упати кон постројката за уништување во Франција.

Државниот инспекторат за животна средина констатираше дека постапката на отстранување на отпадните хемикалии во кругот на ОХИС АД во стечај беше успешно завршена.

фото: Државен инспекторат за животна средина

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања