Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

(ФОТО) Уште не поставена рампата, подлогата кај Масокастро искршена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
rampa

Уште не поставена рампата, подлогата за рампа кај Масокастро искршена. Масокстрани се побунаа на новата одлука на локаната да се „заклучува“ влезот во овој дел на Охрид.

— реклама —

Подлогата беше поставена на 31 мај, и еве не го дочека шестото утро.

— реклама —

Инаку со рампа и за влез во Месокстро, се затвораат сите премини за автомобили за стариот дел на Охрид. Минатата година се поставија рампи пред Горна Порта, но жителите на Охрид, но и познавачите на стариот дел го користеа влезот кај Месокастро, за да дојдат до саканата дестинација во Стариот дел. Целта на локалната е со рампите да се регулира сообраќајот во Стариот дел но, потсетуваме дека наместо „фала“, од старите охриѓани добија искршени рампи, по што беше поставен и систем за снимање.

— реклама —

Инаку согласно летниот режим на сообраќај, забраната за движење на возила во стариот дел од градот,  минатата година освен за жителите од овој дел на Охрид, важеше и секој ден од 20 часот до 5 часот наутро. Сите специјални возила, Итната помош, Противпожарната служба и Полицијата, имаат картички за влегување во стариот дел од градот. Картичката не може да се користи додека возилото, кое преку рампата влегло во стариот дел од градот, не излезе.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања