Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(ФОТО) Ужас во Албанија: Над 150 повредени и најмалку 1 загинат по силен земјотрес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
DAA5EF95-330A-4DD8-A3BC-0C93ADC38CC8

Еден човек загинал, а над 150 се повредени во земјотресот што рано утрово ја погоди Албанија. Магнитудата од 6,4 степени според Рихтер, ги разбуди луѓето во 4 часот наутро и панично да бегаат од своите домови. Според медиумите, еден човек во градот Курбин, скокнал од зградата каде живеел, и починал на лице место. Здравствените власти јавија дека во болница се 150 луѓе со повреди здобиени од паничното бегање. Медиумите во Албанија јавуваат за урнати згради под чии урнатини има и затрупани.

— реклама —

Ова е втор силен земјотрес за два месеца што ги принудува граѓаните на Тирана и на други места да ги напуштат домовите.

Земјотрес со сила од 5,6 степени ја погоди Албанија на 21 септември при што беа оштетени 500 куќи.

— реклама —

Овој земјотрес, според албанските власти, бил најсилниот земјотрес во изминативе 30 години.

Денешниот земјотрес беше почувствуван и во Македонија, Црна Гора, Италија и Грција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања