„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) Вандали ноќеска уништија еден од двата новопоставени летниковци на Марковите Кули

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
letnikovec

Ноќеска уништен еден од двата новопоставени летниковци на Марковите Кули, напиша на својот фејсбук профил Оливера Бошкоска, вработена во Општина Прилеп.

— реклама —

  • Ноќеска уништен еден од двата новопоставени летниковци на Марковите Кули. Во текот на ноќните часови, од страна на засега непознати сторители, извршен е вандалски чин со кој е уништен еден од двата летниковци кои, неодамна во рамки на проектот „Маркови Кули –заштита и делување“, беа поставени на две локации на локалитетот Маркови кули. Случајот е пријавен до надлежните служби, а Општина Прилеп и ЈНУ „Институт за старословенска култура – Прилеп“, како реализатори на овој проект во чии рамки покрај изградбата на двата видиковци, беа изработени и поставени патокази, информативни табли, информативна точка, брошури и веб страна, апелираат до сите граѓани да се воздржат од било какви понатамошни дејствија кои имаат за цел да се уништи она што се создава и треба да им служи на сите добронамерни посетители.Исто така, апелираме и до сите граѓани и посетители кои имаат сознанија и информации за сторителите, да ги пријават во Полициската станица од општа надлежност - Прилеп.

Имајќи во предвид дека споменикот на природата и културата Маркови Кули, е место каде што се развива рекреативниот и активен туризам, и каде што се одржуваат спортски настани и активности: пешачење, болдеринг, параглајдерство, ултрамаратон, итн, зголемениот обем на посетители и развојот на туризмот неминовно предизвикува овој локалитет да биде изложен на неконтролираната експлоатација и деградација, преку штетни човечки практики.

— реклама —

Токму затоа, потребна е зголемена граѓанска свест за чување и добро однесување со општите добра, а во таа насока Институтот за старословенска култура во соработка со Општина Прилеп ќе организира серија на информативно - едукативни средби со граѓаните, со цел мотивирање на населението и корисниците на просторот да најдат свој интерес и да учествуваат во заштитата на просторот.

https://www.facebook.com/boskoska/posts/10220355908797941

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања