Само една недела откако беше украсен плоштадот Македонија во Скопје, дел од новогодишната декорација веќе е оштетена и украдена.
Од просторот на плоштадот е украдена една елка, додека целосно се уништени четири макета – адвент-календар, поставени како дел од празничното уредување на центарот на градот.
Случајот предизвика реакции кај граѓаните, кои на социјалните мрежи реагираат на неодговорното однесување и уништувањето на јавниот простор, особено во период кога градот е украсен за новогодишните и божиќните празници.
Засега нема официјална информација дали случајот е пријавен и дали ќе има истрага за утврдување на одговорност.