Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(ФОТО + ВИДЕО) : Дедо Мраз и нуркачите од „Акватек“ вадеа гуми и лименки од Охридското езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Слајдер
80828009_486883038623312_286615275174887424_n

Акватек неуморни во подигањето еколошка свест и чистењето на Охридско Езеро.

— реклама —

Нуркачите од нуркачкиот клуб „Акватек“, на креативен и несекојдневен начин, викендов спроведоа подводна еко- акција во Охридското езеро. Членовите на нуркачкиот центар облечени како Дедо Мраз, со празнична песна, од езерото извадија гуми од автомобили и камиони, лименки од пијалоци и пластични шишиња, кои ги лоцираа при нивните предходни рутински нуркања.

— реклама —

- „Целта на оваа еко-акција е да ги заокружиме нашите подводни активности за годинава што изминува.  Дополнително, сакаме да упатиме порака до сите наши сограѓани за подигнување на еколошката свест бидејќи заслужуваме чисто езеро, не само за нас, туку и за идните генерации“- вели Никола Паскали од „Акватек“.

Изминатава година нуркачкиот клуб „Акватек“, направи неколку акции за чистење на езерото во кои извлекоа габаритен шут и смет кој не само што го загадува езерото, туку му штети и на подводниот свет.

- „Охридското езеро и останатите езера и реки се нашето богатство. Затоа ги покануваме сите нуркачи да се вклучат во нашите еко- акции за зачувување на водите и животната околина“- вели Даниел Атанасовски од „Акватек“ и додава дека и следната 2020-та година, клубот ќе продолжи со ваквите подвизи не само во Охридското, туку и на останатите локации низ државата.

Фото и видео: Акватек

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања