Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ФОТО) Во библиотеката на кичевскиот Центар за култура поставена табла „Republika e Shqiperisë" и албанско знаме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
tabla

Табла „Republika e Shqiperisë” е поставена во библиотеката во НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево. Станува збор за еднојазична табла, само на албански јазик со знамето на Албанија, која води кон дел од библиотеката каде што се поставени два компјутери, преку кои граѓаните можат да добијат информации од Државниот архив на Албанија. Дел од вработените и посетителите во Центарот за култура „Кочо Рацин“ реагираат дека станува збор за провокација и за кршење на законите, со оглед на тоа што таблата не е двојазична, односно оние кои не го знаат албанскиот јазик, воопшто не можат да се информираат за што станува збор.

— реклама —

„Ние имаме договор со општината, да отстапиме дел од библиотеката, еден агол, кој ќе може да се користи. Фактички станува збор за два компјутера кои би се поврзувале со Државниот архив на Албанија и секој кој е заинтересиран за одредени информации од архивот, да може да се приклучи. Јас веднаш реагирав дека таблата треба да биде двојазична и побарав да се смени, па еве ако не ја сменат од општината ниту денеска, им кажав дека ќе ја отстранам. Инаку не станува збор за знамето на Албанија, туку за лого на Државниот архив на Албанија“, вели Директорот на Центарот за култура, Мазлам Османи, за А1 он .

Таблата била поставена пред два дена, во средата. Но, незадоволството кај посетителите на националната установа трае од поодамна, бидејќи, според нив, на плакатите што се лепат за настаните во центарот за култура, се избегнува да стои името на установата, Кочо Рацин.

— реклама —

Извор: А1 он

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања