Во пресрет на денот на „Свети Климент Охридски“ – патронот на нашиот град, подрачното одделение на Архивот во Охрид постави во својот хол црковни извадоци кои се рачно пишувани во 1984 година од страна на Јадранка Продониќ во чест на овој голем празник како и поставка за значението на „Свети Климент Охридски“.
Воедно, на сите припадници на православната вероисповед, упатуваме честитки по повод големиот христијански празник 8 декември – Свети Климент Охридски, велат од Охридскиот Историоски Архив.

„Свети Климент Охридски“ -основоположникот на македонската црковна и народна духовност, со унапредување на словенската просвета, го продолжува делото и мисијата на неговите учители Светите браќа „Кирил и Методиј“. Да ги следиме универзалните вредности на „Свети Климент“ со почит, разбирање и помагање.

Раководителот на архивот доц.Д-р Никола Митровиќ Бабе, вели дека при секој празник, Архивот со свои документи ќе го збогатува празнувањето.