Во Дојран пред неколку денови бил уловен сом од над 50 килограми. На Фејсбук групата Корморани се објавени фотографии од овој подвиг на младите рибари од Струмица.
Спортските риболовци Никола Полизовски и Александар Христоманов од Струмица фатиле сом во Дојранското Езеро кој тежел 50 кг. Рибата, како што опиша Никола Полизовски на социјалната мрежа Фејсбук, ја фатиле со техника на зуење, со мамка за жива риба.
Инаку ова е најголемата риба фатена од ваков вид уловена во земјава.
