„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) Во Капиштец се сечат автомобилски гуми со нож

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
gumi

Сечењето автомобилски гуми со нож или дупење со шило е новата појава на вандализам, која веќе втора недела се случува во близината на Министерството за економија, на улицата Јуриј Гагарин. Веќе неколку автомобили досега завршија кој со по една кој, пак, дури и со три дупнати гуми.

— реклама —

Некои од оштетените случајот го пријавиле и во полиција, иако се сомневаат дека сторителите ќе бидат најдени и најстрого казнети. Пријава за случувањето стигна и до редакцијата на skopjeinfo.mk од вработен во околните фирми.

Како што пишува порталот тој се пожалил дека некој му ги дупнал гумите на неговиот автомобили во близината на тукашната филијала на Комерцијална банка.

— реклама —

Кој им е мотивот на оштетувачите и за него и за нас остана прашање без одговор. Станарите од околните згради не сакаат многу да коментираат за случувањата, иако некои многу воздржано и кратко претпоставуваат дека можеби е за паркинг-простор. Дали вакви или слични случувања има и во други делови во градов, не добивме одговор од Министерството за внатрешни работи, од каде што, пак, беа децидни дека од почетоков на годинава досега на реонот од улицата Јуриј Гагарин во населбата Капиштец била евидентирана само една пријава за оштетен ретровизор од возило.

Текстот во целост на: skopjeinfo.mk 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања