„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

(ФОТО) Во Охрид бројни настани на манифестацијата „Прличеви беседи 2020“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Manifestacija_Grigor_Prlicev02052021027

На годинашните „ Прличеви беседи што ги организираа Општина Охрид, националните установи Центар за култура, Библиотека и основното училиште  што го носат името на великиот Григор Прличев и Друштвото на писателите на Македонија се одржаа бројни настани со кои се чествуваше  ликот и делото на ловороносецот Григор Прличев.

Манифестацијата започна со одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Григор Прличев“, каде беше положен  ловоров венец на бистата на поетот што се наоаѓа во дворот на училиштето, а потоа на неговиот гроб, што се наоѓа во дворот на црквата „Св. Богородица- Перивлепта“ беше положено свежо цвеќе и се одржа панахида во чест на Прличев.

— реклама —

— реклама —

Ловоров венец и свежо цвеќе беа положени на спомен- бистата на  Прличев што се наоѓа пред библиотеката што го носи неговото име, а градоначалникот Константин Георгиески им ги додели признанијата  на првонаградените ученици  Виктор Милевски и Даријан Ангелоски кои победија на годинешниот ученички литературен конкурс, кој по повод патрониот празник го распиша ООУ „Григор Прличев“.

— реклама —

За ликот и делото на ловороносецот, пред неговото спомен- обележје, беседа одржа Мерсиха Исмајловска член на Друштвото на писателите на Македонија.

Во рамките на свечаностите беше промовирана книгата „За Прличев и неговиот ХIХ век“ од д-р Вера Стојчевска- Антиќ. За книгата зборуваа промоторот проф. д-р Димитар Пандев и приредувачот м-р Милчо Јованоски. Издавачи на книгата се Министерството за култура, Општина Охрид и НУ Библиотека „Григор Прличев“.

 

фото: Општина Охрид

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 1 година

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања