(ФОТО) Во пожар изгоре кафеаната на водителот на емисијата „Мерак меана“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
fotor_1664187318439

Викендов во пожар изгоре кафеаната „Камин Кама“ на музичарот Трајче Толевски – Мајка од групата „Скопски боеми“ и водител на емисијата „Мерак меана“. И покрај брзата интервенција на пожарникарите, огнот се ширел со огромна брзина и го зафатил целиот објект. Веста дека му изгорел локалот, Трајче ја сподели на Фејсбук, со неколку слики и порака дека ќе направи сè кафеаната пак да почне да работи.

— реклама —

„Ги известуваме сите гости дека поради градежни работи предизвикани како последица од пожарот што ја зафати ‘Камин Кама’, објектот нема да биде отворен за гости извесен период. За повторно отворање навремено ќе бидете известени. Ви благодариме за разбирањето“, напиша тој.

— реклама —

/screenshot_231-6" rel="attachment wp-att-199752">

— реклама —

„Камин Кама“ се наоѓа во населбата Ѓорче Петров и е попознато свратилиште на македонската фолк-естрада. Освен што пееја, фолк-пејачите често се собираа на дружба во овој локал. Неколкумина колеги музичари преку социјалните мрежи споделија слики од пожарот и побараа од своите пријатели да донираат за сите да му помогнат на Толевски да ја реновира кафеаната.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања