Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

(Фото) Во простории со изронети ѕидови и отворени плафони се издаваат документи - 25 лица одат да помогнат во МРТВ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Техничкиот минситер за внатрешни работи, Панче Тошковски беше во посета на службениците за управни работи односно издавање лични документи во МРТВ. Таму затекна изронети ѕидови и отворени плафони. Тој уверува дека тимот ќе се надгради со уште 25 вработени.

„Во текот на денешниот ден бев во посета на Одделението за управни работи - Скопје каде директно се запознав со фактичката состојба во делот на издавање на лични документи.

— реклама —

— реклама —

Имено, досега 25 вработени од други организациски единици доброволно се пријавија и беа упатени да помогнат во овој процес. Во таа насока во текот на вчерашниот ден истите почнаа со обука за сликање и издавање на документите, а од моја страна ќе бидат преземени сите мерки и активности во рамки на моите законски овластувања со цел сите вработени во Одделението за управни работи – Скопје и во отсеците за управни работи низ државата, како и оние кои се упатени времено да работат таму, да бидат соодветно наградени.

— реклама —

Исто така, ја користам оваа прилика јавно да им се заблагодарам на вработените во ова Одделение кои и покрај лошите услови во кои работат, вложуваат натчовечки напори за да им излезат во пресрет на граѓаните“, напиша Тошковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања